Британија го сменува законот: Со 16 години, право на глас на избори!

Ms Jane Campbell/Shutterstock

Владата на Велика Британија денес објави дека планира да овозможи право на глас на 16-годишна возраст на сите избори во земјата, како дел од сеопфатна реформа на демократскиот систем.

Според нацртот на предложените измени, кои мора да бидат одобрени од парламентот, на помладите гласачи би им било дадено право на глас на национално ниво, што би го усогласило изборниот стандард со Шкотска и Велс, каде што младите луѓе веќе учествуваат на локалните избори, пишува Ројтерс.

„Преземаме чекори за да ги срушиме бариерите за учество и да им овозможиме на повеќе луѓе да се вклучат во демократските процеси на Велика Британија“, изјави вицепремиерката Ангела Рејнер.

Владата истакна дека многу 16-годишници веќе работат, плаќаат даноци и можат да служат во војска, па со самото тоа треба да имаат и право на глас на избори. Оваа законска промена се претставува како остварување на едно од главните ветувања на Лабуристичката партија, која пред изборите вети дека ќе го прошири гласачкото право.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.