“БРИТАНИКА” со РОБИ роботот ве носи на англиска авантура! На две локации во Прилеп, изучувањето странски јазици го прават да биде задоволство!

Aко порано на изучувањето странски јазици се гледаше само како на часови кои се дел од наставниот процес во училиштата, денес речиси и да не може да се замисли модерното живеење без познавање на еден странски јазик, особено на англискиот. Светот е веќе глобален, работењето, комуникацијата и секаква друга интеракција се одвива на англиски јазик. Речиси е невозможно да се напредува и да се изгради успешна кариера, не само во странство, туку и кај нас, без познавање овој странски јазик. Токму затоа е повеќе од неопходно децата од најмали нозе, народски кажано да ги внесеме во колосек и да вложиме во нивното образование за изучување странски јазици. Да, конкуренцијата е широко распространета и да тешко е човек да одлучи и да го направи вистинскиот избор. Затоа сме ние тука да ви помогнеме за вашето дете да ја изберете вистинската насока.

На две локации во Прилеп, во непосредна близина на Агенцијата за вработување (Трудот) и веднаш до ООУ “Кире Гаврилоски-Jaне”, веќе пет години успешно работат двете училишта на едукативниот центар за странски јазици “БРИТАНИКА”, тим кој неуморно работи и создава мали генијалци и одлични познавачи на англиски и германски јазик.

Работат по најновите програми од Oxford University Press, Macmillan и Hamilton House, а центрите им се отворени за слуштатели од најмала, до најголема возраст. Тука можете да се стекнете со дипломи за курсеви за сите јазични нивоа, совладување на училишната програма, како и интернационални тестови.

Специјалност им се курсевите и изучувањето на англиски и германски јазик, но нивните училишта се отворени и за изучување на математика.

Со учениците работат професори со богато познавање и 10-годишно работно искуство зад себе, што гарантира неминовен успех во совладувањето на бариерите, кои изучувањето на странските јазици ги носи со себе.

“БРИТАНИКА” е отворена за сите. Па така настава можат да посетуваат дечиња од 4-5 годишна возраст, основци, среднисти, како и возрасни кои за прв пат започнуваат со изучување на странски јазик или сакаат да го усовршат својот вокабулар и граматичко познавање.

Децата се среќни и уживаат во наставата, која во “БРИТАНИКА” изгледа како јазична авантура. Јазикот го совладуваат преку игра, различни граматички и лексички вежби на екран или индивидувален таблет, а често се и дел од прекрасни проекти, презентации, претстави и слично. И токму тоа е целта, детето да научи, а притоа посетувањето на часовите да му претставува лично задоволство, а не само исполнување на амбициите од родителите. А за забавата да биде комплетна, тука е и маскотата РОБИ РОБОТ, што ја прави оваа јазична авантура уште понеодолива.

Родителите чии деца посетуваат настава, велат дека го направиле вистинскиот избор и дека нивните најмили одлично го совладуваат јазикот, а резултатот го покажуваат како во училишните клупи, така и преку интеракција со далеку повозрасни и повешти говорници на англиски и германски јазик.

Оние повозрасните пак, преку клупите на “БРИТАНИКА” успеале да отворат железни порти во голем број компании.

Наставата се одвива со физичко присуство, но и онлајн, во зависност од потребите и во договор со слушателите. Тимот на едукативниот центар има големо разбирање за обврските на своите ученици, како за најмалите, така и за повозрасните, па за времето и начинот на одвивање на часовите секогаш постои можност за усогласување.

И сега кога веќе се добро прочитавте, редно е и да побрзате, затоа што уписите во “БРИТАНИКА” се веќе во тек, а наставата започнува од 16. септември. Контактирајте ги уште денеска на телефонскиот број: 071 847 347, или посетете ги во една од двете локации (локација кај трудот, веднаш наспроти лабораторија “Максим”, или после ООУ “Кире Гаврилоски-Jaне”)

Учењето странски јазици никогаш не било полесно и не претставувало поголемо задоволство! “БРИТАНИКА” едукативниот центар за странски јазици ве очекува!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.