Брилијантен ФБ статус: “Македонците не си отидоа, туку ги набркаа чорбаџиите”

Отселувањето и натаму во фокусот на јавноста. Александар Симонов со став на темава со кој многумина се соглаија во целост.

Реалноста пресиликана во фејсбук статус изгледа вака:

Од „ќе ги вратиме младите назад“ до „ќе овозможиме ‘увоз’ на работници од странство“ и тоа внимавај, по барање на чорбаџиите!

Е сега, само од Штип се испишани 81 ученик од осмолетка, поради иселување во странство, за едно полугодие. Во истиот тој град чорбаџиите плачат дека им фалат работници (најмногу во текстилна, но и во други индустрии) и спремаат терен, башка подмачкуваат секаде каде што е потребно, за да добијат закон за „увоз“ на работна сила, по своја мерка! Да друже, истите оние чорбаџии кои се бунат против секое покачување на плата, чие изживување со години го трпеле многу работници, кои условите за работа што ги овозможуваат се под секој достоен човечки минимум, се жалат дека „нема работници“!

Чорбаџиите секогаш биле отуѓени од човекот и ќе останат како такви, а уназадувањето што го нанесуваат на народот, нацијата и државата, не се мери нит во светлосни години! – Како тие ја менуваат демографијата, па тоа веќе не може ниту пописен фалсификат на СДС и ДУИ да го скрие!

И сега, додека е дигната бука за чив е Гоце, и дали постојат Македонци или не, да забележиме дека Македонците не си отидоа, туку ги набркаа, и тоа нит зли соседи или „црни врани“, туку чорбаџиите, што домашни, што странски, претставени како месијантски филантропи што не спасуваат од бездната која сами сме си ја направиле.

p.s. Нека му објасни некој на „Министерот“ дека ниска невработеност е под 5%, а не 14%.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.