Брестовац: Игравме против големи репрезентации, не бевме физички спремни

Македонската ракометна репрезентација го доживеа својот натежок пораз на Светските првенства. Во дуелот со домаќинот Египет, нашите момци беа совладани со резултат 38:19.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац во третото коло против Чиле ќе одлучуваат за пласман во наредната фаза на првенството.

После поразот од 19 гола разлика, Брестовац изјави:

“Имавме малку време да се подготвиме за овој Мундијал, физички не бевме подготвени за овие две утакмици, но сметам дека моите играчи и физички и психички ќе бидат подготвени за најважниот меч против Чиле. Одигравме две подготвителни утакмици со нив, верувам дека одново ќе ги победиме и ќе се пласираме во вториот круг. Во првите две кола игравме против две големи репрезентации, и би требало од тие две утакмици многу да научиме”.

Решавачкиот дуел против Чиле, Македонија го игра во понеделник со почеток од 15:30 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.