Брена на дното Чолиќ на врвот: Ќе ви се заврти во глава од сумата која пејачите земаат за настап на Нова година

Наташа Беквалац, Дара Бубамара и Александра Пријовиќ ќе настапат во центарот на Белград, а нивните настапи вредат од 15000 до 25000 евра.

brena_1000x0

Нешто поголеми хонорари ќе добијат Жељко Јоксимовиќ и Здравко Чолиќ. Така Жељко кој настапува на Плоштадот пред Стариот град во Будва, ќе си замине на 1. јануари побогат за 50.000 евра, а Чолиќ кој ќе пее во Нови Сад ќе добие 10.000 евра повеќе.

colic

-Го сакам Нови Сад, ја сакам Војводина, и еве по 9 години повторно сум таму за да се дружиме на плоштадот, порача пејачот.

Сека Алексиќ првиот настап поради породувањето ќе го има во најлудата ноќ во Копаоник. Се шушка дека за него ќе добие 30.000 евра

 seka_1000x0

Настап за нова година во еден хотел во Будва ќе има и Емина Јаховиќ која за тоа ќе добие 20.000 евра.

Фолк ѕвездата Лепа Брена за Нова година ќе настапи во Чачак и за тоа побарала 15.000 евра. За нејзиниот концерт во Чачак деновиве многу се шпекулира откако група граѓани покренаа петиција, парите за настап на пејачката да се пренаменат за болни и сиромашни деца.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.