Бред Пит тешко болен деновите ги минува во Болница

Бред Пит во тајност го посетува најдобриот специјалист за инфективни болести, а низ сето тоа поминува без поддршката на семејството.

r4g54dth5gfth

Како што велат изворите на порталот Radar Online, секое утро, многу рано, го гледаат 52-годишниот актер на клиниката за инфективни болести. Тој доаѓа пред отворањето на клиниката за преостанатите пациенти за да не го види некој. Доаѓа околу 7.30 часот, изјавил еден извор.

Медиумите јавуваат дека Бред Пит е во многу лоша емоцијална состојба откако се разведе со сопругата Анџелина Џоли, но се’ уште не е утврдено каков здравствен проблем има.

Доколку Бред Пит е навистина болен, тоа е само еден во низата проблеми што му се случија изминативе месеци. Актерот моментално се бори со разводот, неможноста да поминува време со своите деца, полициската истрага поради наводите дека ги злоставувал децата…

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.