Брегзит им дојде преку глава: За само еден ден изгубија 127 милијарди долари

novac-pare-dolari-foto-profimedia-1425324147-621711

За само еден ден, најбогатите 400 луѓе во светот изгубиле 127,4 милијарди долари, проценува агенцијата “Blumberg”. Богатите Британци изгубиле  “само” 5,5 милијарди долари, проценува агенцијата. Одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ предизвика тешки потреси на сите светски глобални пазари на капитал.

Поради Брегзит, европските пазари го забележаа најостриот пад после 2008 година. Фунтата падна на рекордно ниско ниво, што не се памти уште од времето на премиерката Маргарет Тачер.

Поради Брегзит, првиот човек на “Мајкрософт” и првиот човек на “Амазон”, Бил Гејтс и Џеф Безонс, изгубиле по милијарда долари, колку што изгубил и најбогатиот Британец, Џералд Кевендиш.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.