Изминатиов викенд имаше силен меѓународен параглајдерски турнир во Драма, Грција и еден помалку интересен во соседно Косово. Како и секогаш таму каде е најсилна конкуренцијата, членовите на Параглајдинг клубот-ДЕЛТА, земаа учество и како и секогаш ,така и овој пат се вратија со забележителен резултат. Поточно браќата Јованоски и двајцата беа на пиедестал .
Имено во многу силна конкуренција каде земаа учество параглајдеристи од Бугарија, Грција и Македонија, нашите параглајдеристи доминираа за време на целиот натпревар и после 4-серии , на прво место беше Борјан Јованоски со само 19 см, второ место беше Виктор Бучков од Бугарија со 78 см а на трето место беше повозрасниот од браќата најдобриот македонски параглајдерист Мартин Јованоски со резултат од 94 см.
Само да напоменеме по повод 3-ти ноември, изминатата недела ,нивниот тренер и татко ја доби Третоноемвриската награда за “Пионер на спортот и спортист кој дал врвни спортски резултати”. Во неговата 40-годишна воздухопловна спортска кариера, да нагласиме дека Миле Јованоски на Светското првенство во Валона го освои првото место и стана најдобар параглајдерист во светот.
Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.