Параглајдеристите од Прилеп, браќата Мартин и Борјан Јованоски поставија рекорд на Македонија прелетувајќи 203 километар.
Двајцата браќа се едни од најдобрите параглајдеристи кои ги имала Македонија и имаат огромни достигнувања на домашно и меѓународно ниво.
Тие пред два дена летаа на дестинација Крушево – Гостивар – Прилеп – Преспа – Крушево – и уште неколку километри низ Пелагонија, а летот траел цели 8 часа и 38 минути.
“Нема зборови со кои ќе може да се опише убавината на овој лет”, напиша на Фејсбук Борјан Јованоски кој се заблагодари на нивните поддржувачи: Томато Спорт, Нутриви, Параглајдинг клубот Делта и Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Секоја чест за храбриот подвиг и уште поголеми успеси во иднина!