Браќата од Битола, Ален Рустемовски и Адријан Рустемовски, достојно ја претставија Македонија на Европското првенство за млади сениори до 23 години во бокс, кое од 1-10 ноември се одржа во Ереван, Ерменија и дома се вратија со сребрен и бронзен медал.
Ален настапи во категорија до 57кг и иако загуби во финалето од рускиот боксер Аветијан, достоинствено ги бранеше боите на Македонија и оствари одличен резултат.
Неговиот брат Адријан, боите на Македонија ги бранеше во категорија до 60кг и исто така доживеа пораз од руски боксер.
МОМЦИ ГЛАВАТА ГОРЕ КОН НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ И ЦЕЛИ, ПРЕД ВАС Е СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО, А ТАМУ ЧЕКОР НАПРЕД И НАЗАД СО ЗЛАТО!

























