Македонските фудбалски таленти Давид и Дориан Бабунски би можеле да завршат во Србија, поточно во редовите на еден од најтрофејните и најуспешни клубови во регионот, Црвена звезда, тврди српски “Новости”.
Менаџерите на фудбалерите веќе ги оствариле првичните контакти со генералниот директор Терзиќ и потпретседателот Џајиќ, а потврда за квалитетот на браќата Бабунски кои во иднина треба да бидат носители на играта на А-селекцијата дале и македонските легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Давид е дете на познатата фудбалска школа “Ла масиа” и моментално ги брани боите на вториот тим на Барселона, додека Дориан пред извесно време потпиша со екипата на Фуенлабрада каде тренер е легендата Фернандо Мориентес.
Пред шест месеци браќата Бабунски беа поврзувани со трансфер во Партизан, но тогаш сѐ заврши само во рамки на шпекулациите.
Ако двете страни успеат да се договорат, трансферите на браќата Бабунски ќе се реализираат во јуни.
Ц.Звезда се наоѓа на првото место на табелата во српската Јелен лига и клубот со сигурност на лето ќе игра во квалификациите за ЛШ.