Брачен пар од Кина ги обвинувале докторите бидејќи не можеле да имаат дете: Докторката се шокирала кога дознала дека на погрешен начин се обидувале

Брачен пар од Кина четири години се обидувале да добијат бебе, но не успевале, па сега ги обвинуваат докторите за тоа.

Момчето (26) и девојката (24) стапиле во брак пред четири години, а домашните ги притискале да имаат деца.

Докторката во болницата која ги трпела обвинувањата, најпрво мислела дека девојката има одредена гинеколошка болест, но најпосле сфатила дека младиот пар четири години сексуалниот однос го изведувале погрешно.

“Двајцата се многу млади, момчето има 26, а девојката 24 години. Тие се многу здрави, но и покрај тоа што се во брак 4 години, не можеле да зачнат”, вели Лиу Хонгмеи.

Кога ја испитувала здравствената историја на девојката, Лиу разбрала дека девојката имала редовно секс со момчето.

Таа истакнала дека искуството било “невообичаено” болно за неа секој пат, но морала да трпи за да успее да забремени.

Најпосле докторката останала шокирана кога резултатите покажале дека девојката е сеуште невина, па по деталниот преглед, заклучила дека брачниот пар имал само анален секс.

Докторката потоа на парот им дала едукативна книга, а советите вродиле со плод, па девојката успеала да затрудне после 4 месеци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.