Брачен пар изгубиле заедно 180 килограми: Ова е нивната тајна на успех

Заедно изгубиле повеќе од 180 килограми. Тајна? Не е во прашање исхрана, туку радикална промена на начинот на живот.

Дени и Лекси Рид се венчале во 2015 година, а фотографијата од нивната венчавка најдобро покажува колку дебели биле. Денеска, Дени изгубил нешто повеќе од 90, а сопругата нешто помалку од 90 килограми.

Предизвикот го започнале во 2016 година.

“Тоа беше тотална промена наначинот на живот”, вели Дени, додека Лекси објаснува дека не се работи само за исхраната туку и за целосна промена на животниот стил.

Никогаш не прескокнувале оброк, а пиеле пијалоци без сода и алкохол.

Јаделе јадења со повеќе протеини, како и овошје, малку јагленохидрати, повеќе готвени оброци. Пилешко, лосос, брокула и компир.

Многу зумба и теретана, но и спортови на отворено.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.