Бранителите обелоденија скандал: Заев со лажирано лекарско уверение се преправил дека е неспособен за одбрана на татковината

За СДСМ војната во 2001 година не постоеше, веројатно затоа некои нивни членови правеа се’ за да не учествуваат во неа. Во тоа време, младиот Зоран Заев со лекарско уверение се преправил дека е неспособен за одбрана на татковината. Како млад војник веројатно не би бил пратен на бојното поле, но тогаш младиот кандидат за пратеник од СДСМ добива лекарски печат со дијагноза за неспособност за служење на воениот рок, кој во тоа време беше законска обврска за сите полнолетни и работноспособни граѓани на Република Македонија.

 

bedem-640x353

Ова беше обелоденето на прес-конференција на Здружението на бранители БЕДЕМ во Струмица.

Оттогаш, велат од БЕДЕМ, поминаа повеќе од 15 години и како што можеме сите да видиме, Зоран Заев нема никакви здравствени проблеми, ниту пак имал некаква влошена сериозна здравствена состојба, како што пишувало во лекарското уверение на Заев кое што му било издадено со цел да го избегне служењето на законски задолжителниот воен рок.

-Со кое лице денес Зоран Заев говори и ветува дека ќе се бори за нас бранителите и дека ќе ги застапува нашите интереси, бидејќи кога имал можност да го направи тоа и да ни се приклучи во нашата зааедничка борба за Македонија, тој кукавички избегал со помош на лажирано лекарско уверение. Крајно лицемерно е тоа што само неколку месеци подоцна, очигледно немајќи ги веќе наводните здравствени проблеми, Зоран Заев станува пратеник во Собранието на Република Македонија во 2002-та година, велат од Здружението.

Само за потсетување, додаваат од БЕДЕМ, Заев за време на немилите настани во Куманово минатата година, ден по загинувањето на осумте македонски бранители, насмеан се фотографираше со јатаците на лице место каде што нашите браќа ги положија своите животи.

-Зарем ваков премиер заслужува Македонија, кој кога и бил најпотребен на татковината, избегал? Зарем ваков човек ќе ги брани државните и националните интереси?, запрашаа македонските бранители.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.