Бране распали по ССМ за нивните примања (ВИДЕО)

Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според информациите кои стигнаа до нас од свиркачи од ССМ, Стојанче Кашиковски, претседател на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбено стопанство остварува и дополнителни годишни примања покрај платата. Вкупните примања на Кашиковски во 2023 година, во кои влегува неговата плата и примања по други основи, биле над 810.000 денари“, додаде тој.

„Ова се синдикалците на Трендафилов и ССМ, не се знае кој од кој поголеми примања има.

Според свиркачите од ССМ, кои се разочарани од актуелното раководство, Трендафилов и луѓето околу него го претвориле синдикатот во приватна фирма.

Трендафилов и луѓето околу него одработуваат за нивните позиции по ноти на СДС, кои и ги поставија на нелегитимен начин.

Ова се луѓето кои додека ги лажат работниците за минималец, тие земаат плати неколку пати поголеми од тоа од синдикатот“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.