Бране од Куманово во Америка го промовира Прилеп (ФОТО)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој преку програмата “Аmerican Council for young political leaders” на американската амбасада, e во посета на САД, се фотографираше во Зоолошката градина Space Farms Zoo & Museum во Њу Џерси, како што пишува, со сенаторот Паркер Спејс и поранешниот долгогодишен сенатор Стивен Орохо.

Она што паѓа во прв поглед е логото на општина Прилеп на пакетчињата кои Американците ги држат во раце на фотографијата, истите оние ќеси со промотивен материјал за Прилеп со кои се пречекуваат гости во општината, се наградуваат поединци, граѓани, организации…, или градоначалникот на општината ги носи со себе при работни посети во земјата и странство.

Убав потег на пратеникот од Куманово, кој важи за еден од првите гласноговорници на владеачката партија.

Сепак, граѓаните коментираат на социјалните мрежи, како овој промотивен материјал се нашол во САД, ако се има во предвид дека станува збор за собраниска делегација, а не општинска…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.