Неодамна во италијанските медиуми се појави информација дека Бразилците го снимале тренингот на Србија со дрон, но српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси не е премногу потресен од тоа.
Србија и Бразил на Светското првенство во Катар ќе се соочат во четврток од 20.00 часот, а еве го одговорот на Пикси на ваквите информации.
– Не верувам во тие информации. Кои сме ние за да нè гледаат? Тие се фудбалска велесила, ние сме во понизок ранг, новинарите сакаат малку да измислуваат, мислам дека тоа е дезинформација. Но, дури и да испрателе дрон, не знам што би виделе, ништо посебно – изјави Пикси.
Стојковиќ истакна дека го знае тимот со кој ќе го напаѓа Бразил, но не сакаше да го открие тоа, бидејќи тоа би било непрофесионално.