Ѕвездата на бразилската репрезентација најверојатно ќе го пропушти мечот со Костарика!
Имено, како што пренесуваат британските медиуми, Нејмар на утакмицата со Швајцарија е фаулиран 10 пати, што е речиси рекорд на Мундијалот. Пред него Алан Ширер е фаулиран 11 пати во 1998 година на мечот против Тунис.
Тие пишуваат дека Нејмар едвај излегол од “Ростов Арената” по ремито со Швајцарија и потсетуваат дека селекторот на Бразил пред првиот меч признал дека Нејмар не е подготвен 100%.