Бразилската полиција трага по еден „Дедо Мраз“, кој ја започна сезоната на божиќен „шопинг“ со кражба на хеликоптер во Сао Паоло.
Крадецот облечен во костим на Дедо Мраз во петокот вечерта земал под наем хеликоптер од една такси-служба на аеродромот „Кампо Марте“ во Сао Паоло, со образложение дека сака да го искористи за време „црниот петок“.
Но, како што соопшти полицијата, за време на летот „Дедо Мразот“ го принудил пилотот на хеликоптерот да слетаат на една мала фарма близу Сао Паоло, каде ги чекал негов соработник.
Двајцата измамници го оставиле пилотот врзан на фрамата и со хеликоптерот заминале во непознат правец.
По неколку часа пилотот успеал да се ослободи и за целиот настан ја информирал полицијата.
Потрагата по хеликоптерот и Дедо Мразот продолжува.