Maрија Аличанец, ученичка во ООУ “Кире Гаврилоски – Jaне” Прилеп, го освои првото место на Меѓународниот фестивал “Школки” во Нови Сад, Србија.
Фестивалот традиционално се одржува од 2006 година, а на истиот учествуваат деца и млади од целиот свет на возраст до 16 години, поделени во повеќе возрасни категории.
Сите учесници настапуваат со свои авторски песни.
“Школки” е еден од најголемите детски фестивали на Балканот, а во изминатите година на сцената во Нови Сад настапиле учесници од Унгарија, Израел, Македонија, Романија, Црна Гора, Бугарија, Украина, Хрватска, Норвешка, БиХ, Русија, Летонија, Канада, Франција, Белоруција, Индија, Азербејџан, Либан, Грузија, Малта….
Честитки за нашата прилепчанка Марија и и’ посакуваме желби за уште поголеми успеси во иднина!