Браво за Чулев: Ова ли ги болело pacпродавачите на Македонија? (Видео)

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го честиташе Денот на македонската полиција со објава на социјалните медиуми, изразувајќи благодарност до сите оние кои во првите редови се справуваат со пандемијата предизвикана од коронавирусот.

-Ова видео е посветено на сите полициски службеници, здравствени работници, припадници на армијата и на сите оние кои се во првите редови во справувањето со пандемијата од коронавирусот.Ви благодариме за секоја минута и секој час поминат на вашите работни места. Неизмерно сме ви благодарни за сета посветеност и за сите жртви кои ги давате секојдневно во борбата против оваа пандемија. Сите заедно сплотени сме на само чекор од совладувањето на еден од поголемите предизвици со кои се соочило човештвото досега. Нека е честит Денот на македонската полицијa, напиша Чулев на официјалниот фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.