Учениците од ООУ„Блаже Конески“ – Прилеп, со помош на своите наставниците организираат хуманитарна акција насловена како „Малку е многу“, а по повод Детската недела во месец октомври.
По повод Детската недела во месец октомври, ние учениците со помош на нашите наставници ќе организираме низа на активности:
– приредба со музички настапи, при приемот на првачињата во Детската организација;
– работилница за хаику поезија под раководство на родител, хаику творец;
– спортски игри;
– креативни работилници;
– дебата;
– ликовни работилници;
– работилница за негување на македонските ора,… и уште многу нешта.
Акцентот е ставен на ученичка иницијатива за организирање и реализација на хуманитарна акција „Малку е многу“ со цел вклученост на поголем број лица со донации според можностите. На овој начин се воспоставува соработка помеѓу училиштето бизнис секторот, локалната заедница, родителите и самите деца.
„ Малку е многу “ биди и ти дел од акцијата, ве чекаме.
Сите граѓани ќе можат да донираат: облека, обувки, училишен прибор, храна, средства за хигиена и стари книги за деца, а донациите ќе се собираат на 8.октомври во училиштето.