Браво за малото СОПИШТЕ! Атракција во која ќе уживаат сите љубители на природата (ФОТО)

Од оваа недела нашата општина е побогата со уште една туристичка атракција. Имено, станува збор за проект наречен Гризли Иглос единствен на Балканот а и пошироко, кој што претставува вистински рај за сите љубители на природата и еколошката одговорност. Оваа туристичка атракција се наоѓа на планинскиот масив Јасен. Проектот нуди неверојатни можности за авантури, но во исто време ја чува и штити природата – информираше на социјалните мрежи градоначалникот на оваа општина Стефче Трпкоски.

Главниот фокус е зачувување на природата и одржување на еколошкиот баланс. Сите активности се спроведуваат со почитување на природните ресурси и животната средина. Планината е дом на голем број растителни и животински видови, кои се внимателно заштитени. Посетителите можат да уживаат во пешачење по еко-патеки, јавање, или планинарење, додека се восхитуваат на убавината на околината.

Сместувачките капацитети се комплетно македонско производство, монтажни, еколошки и одржливи, користејќи обновливи извори на енергија и рециклирани материјали. Тие се изградени во хармонија со природата, обезбедувајќи комфорен престој за гостите, без да го нарушуваат еколошкиот баланс.

Сите заинтересирани ќе можат да се приклучат на организирани тури водени од искусни водичи кои ве учат за локалната флора и фауна, историјата и културата на областа. Оваа туристичка атракција има за цел да ја поттикне свеста за зачувување и грижа за националниот парк и природата, додека нуди единствено искуство на своите посетители.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.