Општина Новаци започнува постапка за доделување финансиска помош во износ од 10 000 денари по барател, за покривање дел од трошоците поврзани со обука, полагање и стекнување возачка дозвола од Б категорија.
Мерката е наменета за млади жители на Општина Новаци на возраст до 26 години, со цел олеснување на пристапот до возачка дозвола и унапредување на нивната лична и професионална подготвеност.
Целосната информација за условите за учество, начинот на пријавување и потребната документација е објавена на официјалната веб-страница на
Општина Новаци, на следниот линк:
Со оваа иницијатива, Општина Новаци придонесува кон подобрување на можностите за вработување, зголемена подвижност и поголема вклученост на младите во општествениот и економскиот живот.
Поддршката има особено значење за младите од руралните подрачја, каде поседувањето возачка дозвола претставува важен предуслов за поголема самостојност и пристап до работни можности.
Пријавувањето се врши навремено, сè до исцрпување на предвидениот буџет, по редослед на пристигнати апликации.
Искористете ја можноста и аплицирајте навреме!
























