Tри девојки од Боречкиот клуб “7-ми Мај Златна рака” од Прилеп, ја претставуваат Македонија на Балканското првенство за кадети кое се одржува во Сер, Грција.
Откако вчера Ангела Трајкоска со неколку победи и еден пораз за Прилеп освои бронзен медал, денеска во категорија до 40кг, таа се закити со злато, а друштво и праеше Елена Дејкоска, која го освои третото место во категорија до 43кг.
Третата девојка, Тамара Цветкоска, за жал загуби во борбата за трето место. Честитки за освоените медали и желби за уште поголеми успеси во иднина. БК “7-ми Мај Златна рака” уште еднаш покажа дека е вистински спортски амбасадор на Прилеп и Македонија.