После цели 18 години ФК Борец од Велес се врати во најелитното фудбалско друштво во државата, а тоа е причината што денеска на вториот дуел од новата сезона, стадионот “Зоран Паунов-Паун” е исполнет до последно место.
Борец во моментов игра против Вардар, а резултатот на полувреме е 0:0.
Секоја чест за велешани, уште во првиот дуел на домашен терен покажаа и докажаа дека заслужуваат да играат прволигашки фудбал.
На трибините навивачките групи “Комити” и “Гемиџии” имаат свое шоу, а истакнаа и знамиња со сонцето од Кутлеш како и порака која гласи:
“Македонците никогаш нема да се предадат”