Бошко Ѓуровски ќе му биде помошник на српскиот селектор на квалификациите за Светското првенство

Српски Курир објави дека Драган Стојковиќ ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, а додека се чека промоција во ФСС, порталот пренесува дека фудбалската легенда Бошко Ѓуровски ќе му биде помошник на Пикси во квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Стојковиќ и Ѓуровски се долгогодишни пријатели и соработници, уште додека и самите беа фудбалери, кога на крајот од 80-тите ја делеле соблекувалната на Маракана.

Бошко беше тренер на Црвена Ѕвезда во 2006 и 2007 година, во периодот додека Пикси беше претседател на клубот, а покасно Ѓуровски беше и асистент на Стојковиќ во Нагоја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.