Во денешната емисија „24 Анализа“ гостуваше Претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ Благој Бочварски. Тој кажа дека трасата на патот Кичево- Охрид не била промашена.
– Од друга страна за Кичево Охрид , да се согласувам дека не била промашена трасата можеби тоа е терминологија која што се употребуваше и не од СДСМ туку и од граѓаните и од медиумите можеби била превземена од некои од СДСМ .
Инаку, во медиумите владејачката гарнитура на СДСМ континуирано укажуваа дека изградбата на патот Кичево – Охрид доцни и дека не може да се продолжи со работа токму поради промашена траса. Имено и премиерот Зоран Заев лично од собраниска говорница тврдеше дека владата не може да продолжи со изградба на патот заради грешка во трасата.
– „Не може бандитските работи на автопатите криминално да ги продолжиме заради тоа што мора да знаат граѓаните дека цела траса е промашена на патот Охрид – Кичево, проектот и она што е вистинската траса. Не може да не знаат граѓаните дека тоа што претставува нерешени имотно – правни односи заради провизијата, брзајќи да се реализира нанесува огромни штети врз Република Македонија и врз буџетот на граѓаните на Република Македонија.“ – изјави Зоран Заев, премиер на РМ.