Кога ќе го прочитате вашиот знак ќе се смеете со часови и оваа објава ќе ја споделите со своите пријатели
Лопата (22.12 – 19.01)
Родените во овој знак најчесто „се зезнати“. Доведете ги на подготовка на градилиште и до врата се во кал. Инаку се одликуваат со аналитички дух и романтична природа, но тоа ништо не им користи ако во близина им е личност со знак Лопата. Добро се согласуваат со родените во знакот Копач.
Мешалка (20.01 – 18.02)
Личностите од овој знак се сталожени и мирни луѓе. Во главно се во ред додека мешалката работи. Малку полудуваат ако нешто се расипе, но потоа ги собираат оние родените во знакот Лопата за рачно тоа да го сработат. Изразито се весели луѓе и сакаат деца.
Дигалка (19.02 – 20.03)
Родените во знакот дигалка се, логично, витки, високи и цврсти. Малку нестабилни како личности, па често им се случува да им се залепат стапалата за земја за да не се превртат. Добро се согласуваат со Мешалките. Дигалките се луѓе кои се тивки, внимателни и склони на магија, мистични. Обожаваат сирење и јагнешко на ражен.
Контејнер (21.03 – 19.04)
Нивниот заштитник е Црвениот орел. Не се знае зошто, тие така тврдат. Наводно тоа е поради гужвата во контејнерот. Добро се согласуваат со Лопатите, секако доколку овие не лудуваат премногу. Се одликуваат со голема паметна снага, емотивна енергија и смрдливи нозе.
Копач (20.04 – 20.05)
Изразито продуховени личности на кои семејните односи и вредности им се на прво место. Тоа е посебно видливо во нивните пцовки каде редовно спомнуваат Бог, Црква, мајка, татко, сестра и слично. Најинтензивни религиозни искуства од оваа врска доживуваат кога нешто не им оди од рака. Треба уште да се додаде дека се како тотем од цветот на зелката.
Армиран бетон (21.05 – 20.06)
Армираниот бетон е знак во кој се родени главните фаци на градилиштето. Силни и зезнати, страв и трепет се за Дигалките и Мешалките. Игнорираат. Брадата и мустаците ретко ги отстрануваат. Не одржуваат хигиена.
Чекан ( 21.06 – 22.07)
Родените во овој знак се изразито очајни луѓе. Склони се кон депресивно расположение кога ќе им снема пиво. Емотивно се врзани за мајчина фигура, а во ликот се како дежурни келнери. Не поднесуваат Лопати и Бетони. Бојата на личностите со овој знак е розова. Обожаваат какао.
Месен нарезак (23.07 – 22.08)
Личностите со овој знак често патат од зголемен холестерол. Добро се согласуваат со Контејнерите. Остроумни се и храбри луѓе. Луѓето од другите знаци ги сакаат, но често зад грб ги пцујат, особено Бетонот. Таинственоста е изразена кај личностите од знакот Месен нарезак. Нивната боја е смеѓа до црна. Обожаваат грашок.
Шлем (23.08 – 22.09)
Родените во овој знак се изразито интелектуални личности. Се постигнуваат со главата. Најчесто работат, а понекогаш и мислат, иако не се склони да ја користат особината. Ги обожаваат Дигалките и Бетонот. Често се занимаваат со поезија и се романтичари. Храбри и истрајни личности, силни во секој поглед со истенчена смисла за правда и семејство. Се залагаат за другите и легализација на проституцијата. Бојата им е, секако, бела.
Мујо (23.09 – 23.10)
Родените во знакот Мујо, главни фаци се на градилиште. Најдобро се согласуваат со Лопатите и Копачите, а најтешко со Бетонот. Особено се друштвени и пријателски настроени, па затоа и многу ретко се сами. Склони се на културен ангажман во биртиите и алпско искачување на локални жени со слаб морал. Бојата на Мујо е виолетова, а најмногу на свет сакаат бурек.
Цигла (24.10 – 21.11)
Личностите со знак Цигла имаат изразено добра способност да пресудуваат и предвидуваат. Експерти се за човечка душа. Лесно предвидуваат кога се подготвува некоја лудорија па мудро се повлекуваат во позадина од каде што стрелаат директно во целта се до мирно решавање на конфликтот. Најдобро се согласуваат со Бетоните и Мешалките, а не ги поднесуваат Копачите, Месните нарезаци и пишаните зборови. Омилена боја им е боја на цигла, особено зелена.
Северина (22.11 – 21.12)
Северина најдобро се согласува со Контејнер и Мујо. Родените во овој знак се склони на анален секс, но исто така им треба да се додаде и по некоја душевна карактеристика како што е интуицијата и големата способност за предвидување. Чувствуваат силна аверзија против камера и секаков вид на снимање. Мана им е влакнетоста. Бојата на Северина е црна, а најмногу обожава зелена трева.