Борче шири победничка атмосфера и во Битола (Фото)

Новоизбраниот градоначалник на општина Прилеп во посета на Битола, каде оствари средба со кандидатот за градоначалник Тони Коњаноски и голем број битолчани по Широк сокак.

-Го искористив викендот и убавото време да прошетам по Широк сокак во Битола. Се сретнав со Тони Коњановски и остваривме средби со граѓаните – напиша Јовчески на ФБ.

Јовчески веќе во првиот круг победи со околу 7.500 гласови разлика, а Коњановски имаше предност од 1.500 гласа над својот противкандидат од СДСМ, Христо Кондовски.

На 31. октомври во Битола ќе има втор круг од локалните избори, а Коњановски влегува како фаворит.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.