Македонското село Дреновци во општина Долнени е можеби најзапоставеното населено место во целата држава
250 жители, меѓу кои 80 деца секојдневието го поминваат со недостиг на вода и газат кал и дупки.
Во селото се наоѓа и подрачно училиште кое повеќе наликува на мудбак отколку на училиште. Тоалетите се надвор, а на децата вода за пиење им носел служителот.
Училишниот двор е мала земјена рамнина, а наоколу се расфрлани камења и отпад…
Денеска во посета на Дреновци беа кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за општина Долнени и општина Прилеп, Владо Глигороски и Борче Јовчески, кои одблиску ги слушнаа проблемите кои ги тиштат луѓето.
Од жителите беа информирани дека сегашниот кандидат за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан СУгарески, минатата година кога ја извршуваше функцијата Министер за транспорт и врски, им ветувал изградба на патот низ селото, но власта не нашла начин да направи пат во должина од само 3,5 км.