Борците од тимот на Дарко Чатлески го вжештија рингот во Гент, Белгија: Македонското знаме гордо се виореше!

Еуфорично беше викендов во белгискиот град Гент. Борците на Дарко Чатлески го вжештија борилиштето и гордо го виореа македонското знаме.

15423554_10154613931675926_1891164140_n

На 03.12.2016 во градот Гент во Белгија се одржа кик-бокс гала под наслов “НОЌ НА НОВИТЕ ТАЛЕНТИ”. Учество зедоа повеќе клубови од Белгија, а од Македонија учествуваше кик-бокс клубот “Шампион” од Прилеп, под водство на тренерот Дарко Чатлески. Од “Шампион” учествуваа тројца борци против борци од Белгија.

Резултати:

  1. -56 kg.Trajce Ilioski (Tem Chatleski) vs. Ilyase Jmida (Team Trooi) 1:2
  2. -42kg. Martin Aleksoski (Team Chatleski) vs. Kayra (Team Mac) 1:2
  3. -61 kg. Bojan Stanojoski (Team Chatleski ) vs. Zabiullah Azimi (Team Bushidos) 3:0

15355981_10154613931345926_839555023_n

15401370_10154613931365926_19281359_n

15403087_10154613931315926_276764276_n

15416077_10154613931440926_896542438_n

15416163_10154613931535926_34221200_n

15416951_10154613931525926_957802874_n

Прв настапи Трајче Илиоски. Борбата беше жестока, од првата рунда до крајот на борбата непрекинато се разменуваа удари со раце и нозе. Одлуката беше тешка за судиите каде што на крајот го прогласија белгискиот борец за победник со резултат 2:1.

15320384_10154613931480926_1187308153_n

Втор настапи Мартин Алексоски. Нашиот борец од првата до третата рунда беше надмоќен над белгискиот борец со комбинација на рачна и ножна техника. На крајот одлуката на судиите 2:1 за белгискиот борец ги изненади сите присутни во салата и со исвиркивање го покажаа револтот за неправедната одлука на судиите.

15320409_10154613931700926_292454141_n

Трет настапи Бојан Станојоски. Три рунди тактички и технички и со чисти и прецизни удари водеше нашиот борец. После добро завршената работа во рингот со резултат 3:0, победата беше доделена на нашиот Бојан Станојоски.

15424627_10154613931475926_1655012161_n

“Презадовплен сум од настапот на нашите борци. Со макотрпна работа и тешки тренинзи докажавме дека можеме да се носиме со европските борци и со успех да ја претставуваме нашата Република Македонија. На секое влегување и излегување од рингот со нашите борци бевме поздравувани од водителот на настанот со зборовите “Поздрав За Македонските Борци”. Тоа е голема работа за нас и мене како тренер и претставник на тимот. Со овој настан завршуваме за оваа година во кик-боксот и ќе договарам борби за наредната 2017 година. Сега сме фокусирани на државното првенство во бокс што ќе се одржи во Битола на 09-10.12.2016 година. Ќе настапиме со три боксери”, изјави тренерот Дарко Чатлески.

15356994_10154613931780926_785987602_n

15328222_10154613933885926_1080600032_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.