Борисов: “Во сиромашна Бугарија има три „бугати“ како на Роналдо, 241 „бентли“, 5.000 „поршеа“- продајте ги автомобилите, зачувајте ги работниците”

Во сиромашна Бугарија има три „бугати“ како на Роналдо, дури 241 „бентли“, „ферари“ – 123, „мејбах“ има 54, „хамери“ 280, „јагуари“ близу 4.000, а „поршеа“ – близу 5.000, „мекларен“ – 22, „ламборџини“ има 87, „масерати“ – 311, „Pолс Ројс“ , најверојатно сме први во Европа со 84 вакви возила, објави премиерот Бојко Борисов пишуваат бугарските медиуми.

– Па, како што реков, ако некој бизнисмен можеше да ги задоволи вработените, тие можеа да намалат од 80 „ролс-ројса“ на 40. Сакам само да ги заштитам работниците – рече премиерот и ги повика бизнисмените да ги продаваат своите скапи автомобили за да ги сочуваат своите вработени во време на кризата, што тешко го погоди бизнисот – пренесува бугарскиот портал Факти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.