Боречкиот клуб “7-ми Мај Леов” носи медали од секаде – нови успеси од Загреб и Белград

Нашите борачки освоија четири медали – 3 сребра и 1 бронза на Меѓународниот турнир „Херкул куп“ во Загреб – Хрватска, на кој учествуваа 220 борачи од 6 држави.

Олгица Коцева и Бојана Лазаревска од боречкиот клуб “Безбедност” освоија сребрени медали, додека Барбара Стојкоска и Андреа Марковска од “7 Мај Леов” од Прилеп се закитија со сребро, односно бронза.

Борачките на “Безбедност” и “7 Мај Леов” во низа постигнаа уште еден успех, на „Президент купот“ во Белград каде освоија три злaта.

Барбара Стојкоска од 7 Мај Леов до златниот медал дојде со четири победи, додека Бојана Лазаревска и Олгица Коцева од Безбедност имаа по два, однонсо четири триумфи.

Коцева доби и пехар и за добриот настап.

Извор: Ипон.мк




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.