Неколку пати во текот на денешниот ден воени авиони и хеликоптери прелетаа над Прилеп
Прилепчани се прашуваа за што станува збор затоа што досега не виделе толку прелети на воени воздухоплови над градот.
Прелетите веројатно се дел од големата воена вежба, во која ќе учествуваат околу 4.600 американски и сојузнички сили, а истата започнува ви четврток, 12 мај, на полигонот Криволак. Вежната ќе има цел да ги тестира силите на НАТО во случај украинската криза да се прелее на Балканот или во Источна Европа, пренесуваат медиумите во соседството.
Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, вежбата наречена „Брз одговор 22“ почнува со слетување засилен баталјон од американската 173. падобранска бригада на Криволак.
На вежбата, како што анализираат, освен американски војници, ќе учествуваат и припадници на вооружените сили на Северна Македонија, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и на Грција.
„Сенката на војната во Украина е силна и повеќе нема политички еуфемизми во објаснувањата за сценаријата на вежбата. Јасно е дека ова е проверка на НАТО во случај да треба да се вклучи на Балканот или на Истокот“, се вели во текстот објавен во српските медиуми.
Предвидено е ангажирање 45 авиони и хеликоптери, околу 1.800 падобранци и заштита на борбени авиони.