Невремето Али кое ја зафати Велика Британија во последните денови однесе најмалку два животи. За драматичното невреме сведочи и видео од слетување на еден авион од компанијата “Рајан ер”.
Пилотот е снимен околу 9:50 часот како се обидува да го приземји авионот кој се движел од Брисел до Даблин.
На видеото се гледа дека авионот морал да го прекине слетувањето бидејќи бил по удар на силен ветер.
“Луѓето вриштеа и плачеа, но пилотот успеа од втор пат да го приземји авионот”, изјавила една патничка.
Таа додале дека кога слетувал, авионот продолжил да се ниша како чамец на големи бранови.
Инаку, ова невреме засега однесе два животи, а голем број домаќинства останаа без струја.