Борбата на векот во УФЦ му припадна на Русинот – МекГрегор брутално „уништен“ (ВИДЕО)

Борбата на векот во УФЦ помеѓу Конор МекГрегор и Хабиб Нурмагомедов траеше три и пол рунди, а заврши со победа на Русинот.

Борецот од Дагестан остана непоразен и по 27-та професионална борба, а денес покажа доминација како никогаш досега.

Првата рунда започна така што Нурмагомедов го собори противникот на подот и таму го држеше сите пет минути.

Во втората Ирецот доби тежок удар по кој не заздрави и започна да го губи здивот.

По крајот настана вистински хаос, тимот на Нурмагомедов го нападна МекГрегор, а Русинот преку октагонот го нападна противничкиот тренер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.