Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал, откако славеше против Фејзула Актурк во категоријата до 97 кг на Медитеранските игри во Оран, Алжир.
Ова беше прв златен медал за Македонија на Медитеранските игри во Алжир, а претходно медал освои и Владимир Егоров.
Егоров славеше во репасажот и го освои бронзениот медал за Македонија.