Еден од моментално најбогатите клубови на светот, ПСЖ, имаше поприлично мирно лето што се однесува на трансферите, за разлика од минатото, кога во своите редови го ангажираа Нејмар за рекордна сума пари.
Сепак, според пишувањата на многубројни медиуми, челните луѓе во ПСЖ го подготвиле најчудниот трансфер за крај на овој прелазен рок. Тие планираат да го ангажираат Чупо Мотинг од Стоук Сити.
Овој крилен фудбалер би стигнал како “замена” за Гуедеш кој замина во Валенсија. Камерунецот оваа сезона со Стоук испадна во Чемпионшип дивизијата во Англија, а останува да се види дали ќе се согласи на понудата од парижаните.
Поранешниот играч на Шалке не би се наиграл многу на “Паркот на Принцевите”, но овој трансфер би можел да му донесе многу во кариерата, пред се’ во финансиска гледна точка.
EXCLUSIVE: PSG set to make shock signing of Stoke's Eric Maxim Choupo-Moting | @mcgrathmike https://t.co/zPoGsbeIBb pic.twitter.com/wgPupN37Nw
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) August 29, 2018