БОМБА: Несторовски пред сензационален трансфер – Наполи силно притиска за бомбардерот

dsghadfhdsgjsfjfgjhfg

Аурелио Де Лаурентис, претседателот на еден од најдобрите италијански клубови, Наполи, силно притиска да го купи нашиот репрезентативец Илија Несторовски, за италијанскиот Канал 21 вели Џаннлука ди Марцио.

„Ќе ви откријам една тајна. Де Лаурентис се слушна со Зампарини и нема да се откаже од ангажманот на Несторовски. Знаат што сакаат. Илија е играч со неверојатно чувство за гол. Исто како што Де Лаурентис има добро чувство за одличен играч“, изјави Ди Марцио.

Наполи во Несторгол гледа спас на напаѓачките проблеми што ги има во моментов. Милик кој беше донесен како замена за Игуаин се повреди и подолго време ќе биде надвор од терените, а вториот шпиц Габиадини е далеку од формата која од него се очекува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.