Овој суд е закана по суверенитетот на Америка, нема да соработуваме со нив, за нас тој е мртов, порача Џон Болтон, советник за национална безбедност на шефот на Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да воведе санкции на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, доколку на обвинителна столица се најдат државјани на САД.
Овој суд има подигнато обвинение против еден американски војник, поради малтретирање на затвореници во Авганистан.
Џон Болтон, советникот за национална безбедност на Трамп и еден од неговите најблиски соработници, го доведе во прашање и самиот легитимитет на овој суд.
– Овој суд е нелегитимен и ќе направиме се за да ги заштитиме нашите граѓани. Овој суд е закана по американскиот суверенитет и националната безбедност. Нема да соработуваме со судот, нема да му помагаме, нема да му се придружиме и ќе оставиме да се растури сам од себе. Овој суд е мртов за нас – порача Болтон.