Денеска на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во центарот на Прилеп, прилепчани имаа несекојдневна можност да проследат спаринг борби во бокс и кик-бокс.
Настанот беше во организација на Кик – Бокс Клуб ”ШАМПИОН” – Прилеп и Боксерски Клуб “АС”- Прилеп, а промотор на настанот беше Дарко Чатлески.
Целта на овој спортски настан е подигање на свеста кај младите да спортуваат и да ги отфрлат модерните пороци.
Борбите во кои свое учевство зедоа борци од Прилеп, Ресен , Радовиш и Виница, предизвикаа големо внимание кај граѓаните и случајните минувачи, кои во голем број беа присутни пред борилиштето.
Настанот се одвиваше под мотото “СПОРТОТ МОСТ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ”.
[Best_Wordpress_Gallery id=”362″ gal_title=”КикБоксБокс”]