На 04.03.2022г. во Устер Швајцарија се одржа голем боксерски настан на кој Мартин Крстески од Прилеп го имаше своето боксерско деби во профи-рингот.
Крстески е дел од тимот на Дарко Чатлески, кој уште еднаш докажа дека е мајстор за создавање идни шампиони.
Во профи-рингот нашиот Матин загуби со одлука на судиите од Швајцарецот Рико Гигер, кој е трикратен светски шампион во кик бокс и исто така дебитант во профи боксот.
И покрај тоа што за противник имаше силен натпреварувач, Мартин се покажа во одлично светло.
Во првата рунда Мартин зададе контра задно кроше кое беше доста опасно за Гигер. После тоа Гигер виде опасност и не прифаќаше борба, работеше само од дистанца. И во 2 и 3 рунда имаше добри контри од страна на Мартин.
Борбата заврши со победа на Гигер со едногласна одлука на судиите.
Браво Мартин иден шампион!
Промотерот Флориан Гелев направи одлична организација со добра сценографија и преполна сала со над 1.000 гости, а мечмејкер беше Авдил Салиху, од кои се прикажаа 4 одлични професионални борби во бокс.
-За скоро време во Македонија се планира нашиот шампион во кик бокс Даниел Стефановски да дебитира во професионален бокс, чекаме потврда од менаџерскиот тим на Даниел – истакна тренерот Дарко Чатлески