На 5.10.2019 во Штип се одржа 6-то и последно коло на боксерската младинска и сениорска лига на Македонија.
Организатор беше боксерскиот клуб “Пинк Пантер” од Штип и Боксерката Федерација на Македонија (БФМ).
Учество зеде и Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп, под водство на тренерите Ѓорѓи Чатлески и Дарко Чатлески.
Пријавени боксери беа: Дамјан Талимче, Мартин Алексоски, Далибор Каранфилоски во кадетска конкуренција и Матеј Чатлески во категорија деца.
Од сите пријавени учество зедоа само Дамјан Талимче и Мартин Аексоски, другите двајца боксери немаа противници.
Мартин Алексоски ја загуби борбата, а Дамјан Талимче победи со технички нокаут во третата рунда.
Со ова последно шесто коло го добивме и епилогот во лигата, каде првото место им припадна на БК “Шкендија но лимит” од Тетово, на второ место е БК “АС” од Прилеп, а БК “Борец” од Велес го зазеде третото место.
Во овие 6 кола во лигата учествуваа и боксерите: Трајче Илиоски, Ерѓун Бајрамоски, Бојан Станојоски, Леонардо Ангелески и Димитар Ангелески.
“Покрај напорните тренинзи сите боксери добиваа и губеа борби, но сепак дојдовме до второто место. Боксот е еден од најтешките спортови, а нашиот клуб по втор пат го освојува второто место во младинската боксерска лига на Македонија. Би напоменал и дека овој резултат е за прв пат во историјата на нашиот град Прилеп”, истакна Дарко Чатлески.