Целиот свет пишува за Шеки Маслани од Македонија. Дури и британскиот “The Sun” посвети статија за ова 30-годишно момче од Македонија, а сето тоа поради неговата опсесија со “Версаче”. Тој живее во скопско Арачиново, а апсолутно се’ што поседува е во знакот на “Версаче”.
Кога велиме се’, мислиме на автомобили, ентериерот на неговиот дом, облеката….
“Опседнат сум со Версаче од 2009 година. Започнав да купувам облека, а во мојот дом опремив буквално се’ со “Версаче”. Од подот, до бањата. Освен тоа, тука се и автомобилите и базенот, мојот накит, козметика, постелнина, теписи…. Не постои нешто што не е “Версаче”.
Дури и моите тајнири се “Версаче”, тоа е мојот живот”, вели Шеки за медиумите, а пренесува The Sun.
Поголемиот дел од работите ги купил од Италија, а според медиумите потрошил околу милион евра на својата опсесија. “Го живеам мојот Версаче сон и не ми е жал да платам 188 евра за боксерици или 45 евра за чорапи”. Планира да отвори кафич во Скопје, кој исто така ќе се вика “Версаче”. Освен тоа, планира да го промени и своето презиме.