Утре Бојан Јовановски попознат како Боки 13 повторно ќе биде донесен во Основното јавно обвинителство во 09:00 часот каде ќе дава свој исказ во врска со kpивичните пријави кои тој ги поднесе против триесетина актуелни функционери на власта.
Како што веќе знае јавноста претходно додека Боки 13 беше во ОЈО и чекаше да биде сослушан, лице непознато за адвокатот и од непознат број со мутиран глас му предочил дека треба да внимава што зборува пред обвинителот, а уште повеќе да внимава како се однесува неговиот клиент.
Во спротивно, Дуковски и Јовановски ќе треба да внимаваат на своите животи и животите на нивните семејства.
Инаку Бојан за време на пресудата и добивањето на деветте години затвор побара милионските пари од Рекетот да се бараат кај браќата Заеви, но се шпекулира дека како сведоци со Рекетот се врзуваат и имињата на Радмила Шекеринска, Петре Шилегов, Стефан Богоев Александар Кирацовски и Наташа Петровска.