Боки 13 направи драма во cyдот откако му одредија 9 години казна: Ја нарече cyдиjката слуга на Заев, таа го исфрли надвор (Видео)

Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на девет години затвор. Јасна Мандиќ која беше заменик-претседателка на Меѓународен сојуз доби осудителна казна, казна од четири години. Фросина Ременски е ослободена од обвинение. Христина Блажевска доби една година затвор. Миле Јовановски е осуден на условна осуда.

Бојан Јовановски за време на изрекувањето на пресудата и порача на судијката Софче Гаврилова-Ефремова дека е слуга на експремиерот Зоран Заев.

Тој беше револтиран од моментот кога судијката убедуваше дека парите од околу 700 илјади евра биле законски одмрзнати и без да добие збор и кажа: „Не, ослободени беа по налог на Зоран Заев, по негова интервенција за да ги лапнат парите“.

„Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресудата е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев. Господ ќе суди, ќе казни“, рече Јовановски по што ја напушти судницата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.