Во сабота, 12.04., во студиото цвеќарница “Камелеон”, наспроти “ДАМРО” во Прилеп, ќе се одржи првата самостојна изложба на Марина Деаноска, девојката која со своите филигран слики ги освои срцата на огромен број луѓе.
На изложбата главно ќе бидат изложени повеќе икони со големи димензии, кои Марина трпеливо ги изработува, а ќе има и други дела.
-Инспирацијата за изложбата „Боите на виножитото“ произлегува од вербата дека секој талент е уникатна боја која чека да биде откриена. Како што виножитото обои небото со магични нијанси, така и нашите таленти можат да создадат нешто неверојатно и значајно. Оваа изложба е повик за младите да се осмелат да го истражат својот креативен потенцијал, да вложат труд и љубов, и да создадат уметност која ќе светли како боите на виножитото – вели Марина за својата прва изложба.
Почетокот на настанот е закажан за 15:00часот.