Бозоски на средба со Занаетчиската комора: Иницијатива за субвенционирање на старите занаети

Претставници на Занаетчиската комора на Република Македонија, вчера одржаа состанок со Заменик градоначалникот на општина Прилеп, Диме Бозоски, а главна тема на разговор било субвенционирањето на старите занаети.

-Разговаравме за можностите за поддршка на занаетчиите и за важноста на зачувување на традиционалните вештини кои се дел од нашето културно наследство. Со субвенциите, веруваме дека ќе успееме да ги зајакнеме локалните занаетчии, да им овозможиме поголема економска стабилност, и да го поттикнеме нивниот придонес кон одржливиот развој на заедницата. Оваа иницијатива ќе игра клучна улога во зачувување на занаетчиството како важен дел од економијата и културата на нашиот град. Голема благодарност до заменикот градоначалник за поддршката и визијата за развој на старите занаети! Заеднички, се стремиме кон подобра иднина за сите – се вели во објавата од Занаетчиската комора.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.