Прилепчани нема да го заборават потегот на двајцата советници од ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Кире Јоноски и стопанственикот Диме Бозоски, кои во изминатите 4 години додека беа советници во Советот на општина Прилеп, месечните хонорари ги донираа во хуманитарни цели.
Па така, Јоноски и Бозоски излегоа во пресрет секаде каде што можеа и имаше потреба од собирање средства за семејства кои го изгубиле домот, за лекување на дечиња, во разни хуманитарни организации и сл.
Прилеп памети, па во пресрет на локалните избори кои треба да се случат на 19. октомври, на социјалните мрежи и во чаршијата се зборува на оваа тема и се очекува да се појават нови херои од новиот состав кои ќе го сторат истото.
Засега молк од сите кандидати на политичките партии, а ги има такви на кои месечен паушал од 29.000 денари нема да им промени многу, а ќе значи премногу за поединци и семејства.
Прилеп е наш заеднички дом во кој треба да се избориме секој еден достоинствено да живее!